Image15 Окт 2020

АДИНГ учествува со свои производи и инструктажа, во изградбата на меѓународниот аеродром Кабаале, во градот Хоима, Р.Уганда

Повеќегодишното искуство при изведба на бетонски коловози и аеродромски писти, стекнато најмногу во Казахстан, но и во некои од останатите републики на поранешниот Советски сојуз, го пренесуваме и на афричкиот континент. 
Усовршените и прилагодени рецептури на дел од нашите производи, како  и знаењето и технологијата вградени во овие бетонски објекти веќе го минуваат тестот на времето и претставуваат вредна референца за нашето работење. Конкретно во изведбата на објектот, АДИНГ учествува со свои производи, но и со непосредна инструктажа и експертиза од нашите инженери, а во соработка со главниот изведувач израелската компанија „SBC (Uganda) LTD“
Аеродромот Кабаале, во близина на градот Хоима е проект од стратешко значење за западниот регион на Р.Уганда и нејзината нафтена индустрија, неговата изведба отпочна во 2018 година и треба да биде завршена во 2023 година.
Фото: „SBC (Uganda) LTD“