Image1 Авг 2013

Адинг ја поддржа акцијата – „Скопје градот на цвеќето, Скопје градот на розите“

По повод почетокот на пролетта, во Скопје се одржа акција за садење на бели рози. 
Розите се растение кое апсорбира големи количини на олово и кадмиум и ќе придонесат за почист воздух и поздрава животна околина. 
Адинг, како општествено одговорна компанија  која секогаш се грижи за заштита на животната средина, ја поддржа акцијата заедно со уште неколку компании од бизнис секторот.  Донираните рози беа посадени на различни локации низ градот.  
Бели рози беа посадени и во дворот на Адинг.
Во прилог, фотографии од акцијата спроведена кај кружниот тек во нас. Ѓорче Петров.