Image20 Јун 2019

Плакета за успешна соработка со Технолошко – металуршкиот факултет

Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ годинава слави јубилеј 60 години постоење.

Во рамките на свечената седница одржана во амфитеатарот на ТМФ, беше доделена плакета за успешната и плодна соработка на факултетот со Адинг.

Адинг континуирано соработува со факултетот, пред се при селекција на соодветни кадри за нашата компанија. Во годината кога и нашата компанија слави голем јубилеј, ни претставува чест и задоволство да добиеме ваков тип на признание од една еминентна иституција како што е Технолошко-металуршкиот факултет.