Image27 Ное 2013

Акција „Ден на дрвото“ во Адинг

И оваа есен, по повод „Денот на дрвото“ Адинг ја поддржа акцијата со неколку садници во нашиот двор.

Вработените и годинава помогнаа во акцијата, а беа насадени:

1 дрво од видот Albizia julibrissin (Свилено дрво)

1 Cortaderia selloana (пампас трева)

1 Јапонско јаболко

Дополнително, подарок од нашата ќерка фирма Адинг Бугарија, беа насадени и еден хималајски бор и атласки кедар.

За потсетување, годинава Адинг ја доби наградата за најдобро уреден двор на стопански објект во град Скопје.

Во прилог, неколку фотографии од акцијата: