РЕЗИМЕ ЗА КОМПАНИЈАТА

АДИНГ е компанија за производство и продажба на хемиски материјали за градежништвото со седиште во Скопје, Р.Северна Македонија, основана на 30.05.1969 година. Континуирано сме присутни и активни на пазарите преку дистрибутери и наши претставништва во Југоисточна Европа, а пласираме производи и во остатокот од Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка. Наш производствен погон има и во Р.Бугарија (АДИНГ Бугарија), претставништво во Србија (АДИНГ Белград), а на овој начин дoсегаме и до Р.Казахстан. 

Пазарот не` препознава како фармацевти во градежништвото. Ние креираме решенија и технологии кои ги решаваат најспецифичните градежни проблеми. Производите се само една состојка и еден дел од вкупната додадена вредност која ја создаваме. Нашиот фундамент лежи на стекнатите знаења и искуствата, како и нивниот трансфер меѓу генерациите професионалци.

Image

Моќта и иднината на компанијата е во вработените, затоа охрабруваме и поттикнуваме самостојност и интегритет. Негуваме систем на посветени и одговорни децентрализирани тимови од експерти, кои меѓусебно ефективно соработуваат во остварување на целите. Вработени со свесност за иднината, висока општествена одговорност, посветени на широка иновација во компанијата.

Ние се водиме според нашите основни вредности како компанија. Профитабилност, но и одржливост и сопствен придонес во градењето на подобро утрe. Компанијата е одговорна кон иднината и тргнува од тоа дека климатските промени не се апстрактен поим од утрешницата, тие се овде и се случуваат сега. Затоа, нашата прва цел е континуирано вложување во креирање на производи и решенија  за одржлива иднина, кои ќе влијаат на намалување на CO2 отпечатокот на градежната и цементната индустрија.

Додатоците за бетони и додатоците за цементна индустрија се постојана поддршка во производните процеси на производителите на бетон и производителите на цемент. Тие директно влијаат на продуктивноста, потрошената енергија и количината на емисија на CO2. Ова значи одржлив развој за нас и поддршка за одржливиот развој на нашите партнери, преку намалување на влијанието кое го имаме врз животната средина.

Покрај додатоците, значаен дел од производното портфолио е наменет за санација, реконструкција и заштита на армирано-бетонски конструкции. Повеќе од 100 години армираниот бетон е нејкористен материјал и го има насекаде околу нас. Ние го продолжуваме животниот циклус на постоечките армирано-бетонски конструкции, а новите ги штитиме и праваме отпорни на интензивните хемиски и физички агресии, резултат на се` посуровите услови на експлоатација. 

Целото ова производно портфолио содржи повеќе од 100 стандардни производи, каде уште се сместени и производи за завршна обработка во сите области на градежништвото. Дополнително, нашиот „tailor-made“ пристап вклучува дополнителни 50-тина производи кои се изработуваат наменски и според специфичните потреби на објектите и клиентите.

Втората поставена цел е неутрализирање на било какви директни негативни последици од нашето работење кон околината до 2030-та, ефикасно користење на ресурсите и придонес во борбата со климатските промени. Ова значи, производство базирано на 100% сопствени извори на енергија и целосна енергетска ефикасност, оптимизација на трошоците во работењето, користењето на ресурсите и суровините, и производи базирани на еколошки компоненти.  

Групацијата АДИНГ денес има 150 вработени. Околу 90 од нив се вработени во матичната компанија. Во неа доминираат инженерските кадри распоредени во сектори како контрола на квалитетот, истражување и развој, техничка поддршка и продажба итн.

Компанијата негува култура на општествено одговорно работење и транспарентност, со редовни јавно достапни финансиски извештаи и отвореност кон јавноста. Организирана е како акционерско друштво, а акциите на АДИНГ се тргуваат на официјалниот пазар на Македонската берза на котирани хартии од вредност, а поседува и фирми во своја целосна и делумна сопственост:

Image

ДОМА:

• БИЗНИС ЦЕНТАР АДИНГ Скопје,

• ИНВЕСТ- А Скопје,

• БИРО ПРОЕКТ Скопје,

• ЛА- Хемија Скопје,

ВО СТРАНСТВО:

• АДИНГ Белград,

• АДИНГ Бугарија,

Долгогодишно маркетинг мото на компанијата е да бидеме „состојка на секоја градба“.

МИСИЈА: ПРАВИМЕ ХЕМИСКИ ДОДАТОЦИ ПО МЕРКА ЗА ГРАДЕЖНАТА И ЦЕМЕНТНАТА ИНДУСТРИЈА, КОИ СОЗДАВААТ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ“

ВИЗИЈА: “СОЗДАВАМЕ РЕШЕНИЈА И ТЕХНОЛОГИИ И ПРИДОНЕСУВАМЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ПАРТНЕРИТЕ, ЗАЕДНИЦАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА”

ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ

ФОКУС НА КУПУВАЧОТ- Купувачот го ставаме на прво место. Градиме релации на долг рок и ги споделуваме нашите вредности со купувачот.

ДОСТОИНСТВОГи третираме останатите со респект и бараме ресепект. Вработените се нашиот најголем влог.  Негуваме култура на транспарентност,  отворено говориме, еднакви сме и препознаваме посветеност и ангажман.

ИНТЕГРИТЕТ-Водиме и делуваме чесно, преку примери и интегритет. Ги инкорпорираме нашите вредности во секојдневието и сме добар пример за останатите.

ЗНАЕЊЕ - Градиме и трансферираме знаење. Искуствата и знаењата се основа за раст, личен и професионален. Споделуваме и поттикнуваме знаење, потрага по нови решенија и технологии.

ИНОВАЦИЈА - Сеопфатно и континуирано подобрување на производите и процесите. Нашиот дом го градиме и одржуваме заедно. Добредојдена е помош од секој поединец во компанијата.

ОДРЖЛИВОСТ- Профитабилност, но и постојана посветеност на мисијата за одржлива иднина. Фокусирани сме на нашиот раст, но го гледаме како основа за здрава иднина и средина за новите генерации.