Image22 Авг 2013

Адинг дел од проектот „100 обновени пешачки премини“

Адинг во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП)  денеска потпиша согласност за реализирање на проектот „100 обновени пешачки премини за 10.000 ученици“ со Општина Кисела Вода.

Проектот се спроведува со цел подигање на безбедноста во сообраќајот кој во Кисела Вода ќе ги опфати сите пешачки премини пред градинките, основните и средните училишта.

Адинг ќе донира Адингмаркер – високо квалитетен заштитен премаз за бетонски површини. Проектот треба да се заврши до 1ви септември, токму пред почетокот на училишната година.