Image22 Ное 2012

Акција по повод „Ден на дрвото“ во Адинг

По повод „Ден на дрвото“ на 21.11.2012 се одржа акција во дворот на „Адинг“ каде беа засадени неколку дрвја и ползечки растенија.
Во акцијата се вклучија и нашите ќерки фирми:

Вработените од „Бизнис Центар Адинг“ засадија бела бреза како симбол за новиот почеток во новите канцеларии.

Вработените од Адинг посадија туја и 2 стебленца вишни.
Нашата ќерка фирма за проектирање и маркетинг „Биро Проект“ ни подари ползечки растенија – бршлени.
Во прилог, неколку фотографии од акцијата: