Image22 Мај 2009

Нов производен погон на АДИНГ во градот Перник, Р. Бугарија

На ден 25.05.2009 година во 11:00 часот (локално време), свечено ќе биде отворен нов производен погон на АДИНГ во градот Перник, Р. Бугарија. Во новиот погон ќе произведуваме дел од нашата производна програма - адитиви за бетони.

Целосната инвестиција чинеше околу 400.000 евра (сопствен објект и земјиште), а за почеток ќе бидат вработени 10 луѓе. Инаку на пазарот во Р.Бугарија, Адинг е постојано присутен уште од 1992 година, претставуван од својата фирма ќерка Адинг – Бугарија.