Image2 Дек 2013

Советување „Современи материјали и постапки за санации на градежни објекти“

Во организација на Друштвото „Изградња“ и Градежниот факултет на Универзитетот во Белград, на 26 ноември беше одржано советување „Современи материјали и постапки за санации наградежни објекти“.

Свое излагање и презентација на научните трудови имаа еминентни професори, кои дадоа голем придонес кон развојот во областа на материјалите и техниките на санација на градежните објекти.

Како еден од поддржувачите на симпозиумот, „Адинг“ имаше сопствена презентација која беше проследена со голем интерес од присутните, и каде беа анализирани повеќе примери на санација на армирано-бетонски конструкции со употреба на материјалите од производствената програма на „Адинг“ во последните две години. Во оваа пригода, беа презентирани и примерите на санации извршенисо инјектирање на материјали од програмата на ТПХ (санациите на браната во Прилеп - 2013 год. и браната на јаловиштето во рудникот Бучим – 2012 год.)