Image1 Јун 2017

Фамилијарен ден за 48-иот Адингов ден

Традиционално, на крајот на месец Мај, го прославуваме роденденот на Адинг. Оваа година 48-те години ги прославивме со фамилијарен пикник во дворот на фабриката.
Нашите вработени, заедно со своите семејства уживаа во дружење, игри и убаво сончево време.

Во оваа прилика беа доделени јубилејните награди за вработените, а исто така беа врачени и рачно изработени реплики од „Молекулот – симболот на АДИНГ”, како признание за поранешни вработени, кои биле дел од Адинг повеќе од 25 години или пак имале значаен придонес во работата на нашата компанија.

Дел од атмосферата на фотографиите подоле.